Оштетените од Еуростандард банка утре ќе протестираат пред Народната банка

111

Оштетените од пропаѓањето на Еуростандард банка за утре најавуваат нов протест  пред зградата на Народната банка која ја сметаат за еден од главните виновници за ситуацијата во која се наоѓаат.

Протестот што ќе почне во 15 часот се организира еден ден пред светскиот ден на штедењето, 30 октомври.

-Ги повикуваме на поддршка сите граѓани кои досега биле оштетени на кој било начин од овој наш банкарски систем да ни се придружат во борбата за правата на штедачите во целост, како и сите граѓани кои сакаат да живеат во праведно општество кое е регулирано од институции кои работат во интерес на граѓаните, а не на криминалците. На 30 октомври ќе протестираме, а на 31 октомври ќе мечтаеме дека еден ден доколку проработи праправниот систем и совеста на политичарите, и ние ќе славиме повторно, се вели во нивното соопштение.