Легендарниот кошаркар на Бостон, Пол Пирс, има високи очекувања во плејофот кога е во прашање словенечкото чудо од дете, Лука Дончиќ. Шампионот со „Келтите“ е фан на 21-годишниот плејмејкер, кој во својата втора година во лигата е веќе водечко лице на Далас.

  • Очекувам посебни работи од него. Зборуваме за дете кое направи едно од најсериозните скокови во последно време – од „Дебитант на годината“ до кандидат за МВП. Тој ја освои секоја европска награда што можете да ја замислите, секој МВП во Европа. Затоа очекувам специјални работи од ова дете. Јасно е дека тој е посебен талент и мислам дека тој е најталентираниот играч во НБА денес. И светлата никогаш не блескаат премногу за него, затоа очекувам огромни работи во плеј-офот, изјави Пирс.

Лука во просек имаше 28,7 поени, 9,3 скока и 8,7 асистенции во просек од 54 натпревари.