Италијанските археолози деновиве на јавноста ѝ го претставија возбудливото ново откритие од Римскиот форум, за кое велат дека можеби е изгубениот храм (светилиште), кој пред околу 2.600 години е посветен на Ромул, легендарниот основач на Рим и негов прв крал. „Ова не може да биде неговиот гроб, но веруваме, дека ова е негово спомен-обележје“, вели археологот Алфонсина Русо, надлежна за овој локалитет. Додека ископувањата продолжуваат, властите се надеваат дека јавноста ќе може откритието да го види за околу две години

Италијанските археолози деновиве на јавноста ѝ го претставија возбудливото ново откритие од Римскиот форум, за кое велат дека можеби е изгубениот храм (светилиште), кој пред околу 2.600 години е посветен на Ромул, легендарниот основач  на Рим и негов прв крал. „Визуелно, откритието што беше објавено не е многу атрактивно: ѕиркајќи во ископаниот простор под Курија Јулија, или древната куќа на Сенатот, се гледа нешто што наликува на отпад, за кое археолозите велат дека е саркофаг или камен ковчег. Исто така, има цилиндричен камен блок, нешто од она што би можело да биде олтар“, пренесоа италијанските медиуми.

Двата пронајдени предмети се од туф (лесен, порозен камен формиран од вулкански пепел), издлабен од капитолин хил (Capitoline Hill), кој гледа на Форумот и кој е дом на денешното Градско собрание. Неодамнешната ископана, пронајдена област „претставува место, кое во историјата и во римската имагинација, зборува за култот на Ромул“, рече археологот Патриција Фортини. Фортини вели дека никој не поставува хипотеза дека саркофагот всушност некогаш содржел коски на Ромул, кој со својот близнак Рем основал град во близина на реката Тибар околу 753 пр.н.е. и го основал кралството Рим. Тоа најверојатно датира од 6 век пр.н.е., околу 200 години по времето на Ромул.

„Не знаеме дали Ромул физички постоел, како што тој е опишан во легендите“, вели Фортини. Но, некои антички извори тврдат дека Ромул бил погребан во областа на пронаоѓањето, а саркофагот можел да послужи како спомен-обележје. Археологот Алфонсина Русо, надлежна за овој локалитет, истакна дека според некои антички легенди Ромул бил убиен и исечен на парчиња, или се вознел на небото.

„Затоа, ова не може да биде неговиот гроб, но ние веруваме, дека ова е негово спомен-обележје“, додаде Русо. Додека ископувањата продолжуваат, властите се надеваат дека јавноста ќе може откритието да го види за околу две години. Легендите тврдат дека Ромул и Рем биле доени од волчица како бебиња, но подоцна Ромул го убил својот брат близнак во расправија.

Интересно, ова е втор пат да се откопаат саркофагот и цилиндричниот камен-олтар, но сега археолозите им придаваат возбудливо значење.

Во 1899, италијански археолог Џакомо Бони беше првиот што систематски ја ископа областа. Тој во своите дела ги опишал како „правоаголен, во форма на када во туф“ и цилиндричен камен, што ги споредувал со стебло на дрво. „Гајбата“ со отворен врв содржела фрагменти од керамика, камчиња, морски школки и парче црвеникав малтер. Бони не им придавал особено значење на неговите откритија, а во 1930-тите, за време на режимот на диктаторот Мусолини, над местото е изградена монументална скала на зградата Курија.

„Мислевме дека ќе биде уништен поради изградбата во 1930“, посочува Русо. Но, интуицијата на Фортини ѝ кажала дека она што го пронашол Бони е веројатно светилиште на Ромул, бидејќи областа е поврзана со потеклото на Рим, и таа затоа се обидела да ископува таму. Клучната трага за Фортини за да донесе одлука каде да копа била локацијата на неколку метри оддалеченост од мермерно црниот храм познат по латинското име Лапис Нигер (Lapis Niger). Фортини во едно интервју забележала дека за Лапис Нигер, еден од најстарите артефакти на Форумот, долго време се верувало дека означува свето место и дека е поврзан со потеклото на Рим.