Откако дознава за новороденчето под урнатините во Сирија, млада брачна двојка од Сараево изрази желба да го посвои

344

Откако влијателниот портал во Босна и Херцеговина „Аваз“ ја објавил веста што брзо беше раширена низ светските медиуми дека спасувачките служби во Сирија успеале да породат жена во урнатините и на тој начин да донесат здраво и живо дете на светот, млада брачна двојка од Сараево (идентитетот е познат на редакцијата) стапила во контакт со редакцијата со барање за помош да го посвојат девојченцето.

Имено, мајката на девојчето почина, а единствениот преживеан член од семејството е ова бебе.

„Ве молиме да ни помогнете, да го допреме ова дете и да му пружиме бескрајна љубов и утеха. Да се ​​објави веста за да се знае дека во Сараево има двајца млади кои моментално немаат свои деца и кои би сакале да го посвојат ова бебе и да и ја дадат сета љубов на светот“, рекла младата жена во плачлив глас.

Да потсетиме, во Сирија како последица од разорниот земјотрес загинаа најмалку 1.800 луѓе.

Во Турција досега загинаа повеќе од 4.500 луѓе. Голем број згради и други станбени објекти беа збришани од лицето на земјата.