Откако видеото стана вирално, издадени потерници по жените:Ирачанец истурил јогурт врз две жени затоа што не носеле хиџаб/ВИДЕО

348

Иранските власти денеска издадоа налози за апсење на две жени, откако видеото беше вирално на кое се гледа како маж ги полева со јогурт затоа што не носат хиџаб.

Инцидентот се случил во градот Машхад, во време кога шефот на иранското правосудство се заканувал дека „безмилосно“ ќе ги гони жените кои ги игнорираат строгите правила во земјата за покривање на главата, пренесува британски Телеграф.

На видеото, објавено додека Иранците го слават Новруз, традиционалниот празник со кој се одбележува почетокот на новата година, се гледаат мајка и ќерка на шалтер во продавница.

Мажот, кој забележал дека никоја од нив не носи хиџаб, влегол во продавницата и се соочил со нив, а потоа ги полил со јогурт.

 

Властите издадоа налози за апсење на две жени бидејќи, како што тврдат, „извршиле забрането дело“ со симнување на нивните шамии.

За апсење на напаѓачот е распишана и потерница под обвинение за навреда и нарушување на мирот, објави веб-страницата за правда Мизан онлајн.

Се огласи и иранскиот претседател Ебрахим Раиси, кој рече дека носењето хиџаб е закон во Иран.

Шефот на иранското правосудство, Голамхусеин Мохсени Аџеи, претходно се закани дека надлежните органи „без милост“ ќе ги гонат Иранките кои се појавуваат во јавноста без хиџаб.

Иранското Министерство за внатрешни работи во четвртокот соопшти дека носењето хиџаб е „еден од цивилизациските основи на иранската нација“ и рече дека нема да има „никаква толеранција“ за жените без хиџаб.

Сè повеќе жени во Иран го отфрлаат хиџабот по смртта на Махса Амини, 22-годишната која почина во притвор откако беше уапсена од „полицијата за морал“ во септември минатата година за наводно кршење на правилата за хиџаб.

По револуцијата во 1979 година, Иран воведе закон со кој се бара од жените да ја покриваат косата со хиџаб и да носат долга, широка облека што ја крие нивната фигура.