Откажан концертот на Енрике Иглесијас во Загреб поради измама на организаторот

142

Концертот на Енрике Иглесијас, кој требаше да се одржи во Арената во Загреб за 20 дена, е отркажан поради измама на организаторот. Покрај во Загреб, откажани се и концертите во Литванија и Белорусија. Во изјавата објавена на веб-страницата на латвиската агенција, Bilesu Serviss се вели дека промотерите „не ја исполниле својата страна од договорот за организација на настапот“.

„По внимателно разгледување на сите можни алтернативи, бевме принудени да ги откажеме претстојните настапи во Загреб, Рига и Минск. АртБГ, продуцентот и организатор на настанот, не успеа да ги исполни договорните обврски со салите и сите елементи за овие три настани. Безбедноста на нашите фанови и персоналот е приоритет, а не можеме да ја гарантираме, освен ако промоторот не ги исполни своите обврски“, се вели во соопштението.

АртБГ, организаторот на концертот не ги исполнил обврските со концертните сали и сите продукциски елементи за сите три концерти. Pollstar пишува дека промотерите под маската дека ги застапуваат АртБГ, ги измамиле фановите за пари, така што го промовирале концертот, а не му платиле на Иглесијас, како и на салите во кои требало да се одржат концертите.

Промоторите, наводно, доаѓаат од Бугарија, а откажувањето беше огромно разочарување за фановите на Енрике. На веб-страницата „Eventim“ каде беа достапни билетите денеска има кратко соопштение дека концертот е откажан и допрва треба да се открие што се случило со оние кои веќе купиле билети.