Останете здрави и витални: Седум причини зошто смоквата е најлековитото овошје на светот

489

Во природата неретко можеме да најдеме плодови кои ни помагаат да останеме здрави и витални. Маслиновото масло и смоквите ги лечат бактериите во органите задолжени за метаболизам, но ја лечат и неплодноста. Покрај тоа тие се добар извор на железо, бета каротен, како и многу витамини, како Ц, А, Е и К.

Смоквата помага кај хемородидите, го регулира холестеролот, а млекото од смоквата има способност да ги отстрани брадавиците. Ова божествено овошје, како што го нарекуваат многумина, содржи 80 отсто вода, што секако делува на кожата, и 60 отсто природен шеќер што е одличен извор на енергија.

Еве кои се и останатите својства на смоквата:

1. Висока вредност на магнезиум. Магнезиумот е еден од основните елементи кои го штитат нашиот нервен систем од стрес. Многу е важен за коските, имунитетот, задравјето на мозокот и нервниот сиситем. Го поттикнува здравјето и виталноста, лечи бројни болести и значително го забавува процесот на стареење. Сушените смокви содржат тројно повеќе магнезиум од обичните.

2. Обилува со калиум, калциум, железо, фосфор, бакар и витамините Б6, Ц и бетакаторен. Смоквата има многу ниска содржина на масти, а побогата е со влакна од било кое друго овошје и зеленчук па затоа треба да се консумира секој ден. Пектинот е растворливо влакно кое го намалува нивото на холестерол во крвта, додека триптофанот помага при проблеми со циркулацијата како и при несоница.

3. Високата концентрација на природни шеќери прави мозокот да работи побргу, подобро да ги прима и класифицира информациите. Секако мора да внимаваат дијабетичарите при консумирање на суви смокви кои содржат двојно повеќе шеќер од свежите.

4. Сувите смокви се одличен извор на бројни нутритиенти а воедно и практичен нутритивен оброк за спортистите и професионалците, а во комбинација на оревесто плодови може да послужи како идеален меѓуоброк. Чајот од смокви лечи заболувања на црниот дроб, грлото, дишните органи, мочниот меур…

5. Содржи и растителни стероли за кои е докажано дека поволно делуваат на нивото на холестерол во крвта. Растителните стероли како стигмастеролот и ланостеролот, кои ги има во смоквите се врзуваат со молекулите на холестеролот во цревата и така ја оневозможуваат неговата апсорпција.

6. Бројни студии откриле нуспојави со потенцијано антиканцерогено делување на бензалдехидот и кумарините кои ги содржат смоквите. Испитуваните соединенија во научните студии покажале ветувачки резултати особено кога станува збор за карциномот на простата и кожа.

7. Свежата смоква содржи до 80% вода и 60% природен шеќер па затоа е добро да се консумира. Благиот вкус на смоквите совршено се сложува со солени вкусови, како на пример овчото и козјото сирење, па може да се додаде кон разни компоти или јадења. Од свежата смоква може да се направи слатко,компот, џем и ферментирани пијалоци.