Српскиот фудбалски репрезентативец Лука Јовиќ со гол и асистенција беше најзаслужен за победата на Реал Мадрид во дербито против Реал Сосиедад кое „кралевите“ го добија со 2:0.

По натпреварот, Јовиќ на Инстаграм објави фотографија на која прославува гол, а меѓу бројните коментари се и оние на неговата избраничка Софија Милошевиќ.

Коментарите на атрактивната манекенка привлекоа други следбеници кои оставија навистина брутални коментари на нејзината објава.

  • Ти и Бензема сте главни виновници што тој често не ги „решета“ противниците, гласеше еден од коментарите.
  • Сега биди мирна и не го јавај. Остави го во форма, гласеше другиот коментар.
  • Ќе биде ѕверски и вечерва. Ако ме разбираш, следуваше третиот коментар.

Ова се дел од прилично одвратните коментари, кои Јовиќ набрзо ги избриша.

Лука Јовиќ е во Реал Мадрид од 2019 година и има постигнато вкупно три гола на 41 натпревар.

Во продолжение неколку фотографии од згодната Софија: