“Осоговска староградска вечер 2022”

44
иноќа на летната сцена во центарот на Крива Паланка се одржа традиционалниот фестивал на староградска музика и песна, “Осоговска староградска вечер 2022”.
Настанот е дел од програмата на “Кривопаланечко културно лето” го организираше Националната установа Центар за култура Крива Паланка, а целокупната организација на манифестацијата е со поддршка од Министерството за култура, Општина Крива Паланка, Локална установа Градски музеј и поддршка во музичкиот дел од Европската куќа Крива Паланка.
-Разновидната и богата културна програма во градот синоќа понуди вистинско уживање на љубителите на староградската македонска музика со фестивалот “Осоговска староградска вечер”. Паланчани беа почестени со звуците на чаршијата од староградските друштва,хорови и оркестри од Штип, Гевгелија, Свети Николе, Делчево и нашите едни и единствени”Распеани Паланчани” кои за момент не вратија во културата на живеење со музиката оставена во завет на генерациите што доаѓаат, изјави градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.
“Распеани паланчани” пред еден месец заедно со Драган Спасов-Дац и Александар Митевски ја објавија во ново руво познатата кривопаланечка староградска песна “Блазе тебе малој моме”.