Осветлено е детското катче во ,,Паркот на бранителите” во Драчево

60

Осветлено е детското катче во ,,Паркот на бранителите” во Драчево. Во ова детско игралиште поставени се четири петметарски столбови со светилки кои ќе овозможат истото да се користи до подоцнежните часови.

– Ова е многу често посетувано место од страна на локалното население. Во самиот комплекс има и клупи кои најчесто ги користат родителите кои се придружба на најмладите. Со осветлувањето на просторот се зголеми комодитетот, но и безбедноста на посетителите – вели градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Интервенциите во подобрување на условите и креирање на нови детските катчиња активно течат. Во изминатиот период темелно реконструиравме две детски игралишта. Првото, лоцирано на улицата ,,Димо Хаџи Димов”, а второто во урбаната заедница 11 Октомври – Бараки во близина на булеварот ,,Борис Трајковски”.