Чави Пасквал по цели дванаесет години го напушта тренерското столче на каталонскиот ракометен гигант Барселона. Искусниот стратег кој со шпанскиот клуб освои сè што можеше да се освои на клупски план, по завршувањето на сезоната го напушта кормилото на тимот, а раководството кое со доаѓањето на Лапорта за прв човек, претрпе промени во структурата, веќе ја пронајде неговата замена.

Нов тренер на Барселона ќе биде Карлос Ортега. Шпанскиот стратег веќе неколку сезони со успеси го води тимот на Хановер и пред извесен период потпиша договор до 2023 година, па првичните најави беа дека прифатил преселба во Барса, но од сезоната 2022/23. Но, последните информации велат дека Ортега уште по завршувањето на тековната сезона ќе се раздели со германскиот бундеслигаш и ќе почне да работи во Барселона.