Од Токио со љубов(бакнежи од страст): Манекенката и музичката ѕвезда фатени на дело/ВИДЕО

437

Музичката ѕвезда Хари Стајлс и познатата манекенка Емили Ратајковски беа фатени на дело во далечното Токио.

Добитникот на Греми и манекенката се гушкале и сочно се бакнувале на паркингот, несвесни дека некој ги снима, а видеото го објави Дејли Мејл, а потоа се појави на Твитер.

Стајлс е во Јапонија на концертна турнеја.

Снимени се и како танцуваат по еден од концертите, а овие видеа јасно покажуваат дека се во врска.

Стајлс претходно се забавуваше со режисерката и актерка Оливија Вајлд, а раскинаа по речиси две години врска.

Ратајковски е во процес на развод од Себастијан Бер-МекКлард, со кој го дели двегодишниот син Себастијан.

Откако поднесе барање да стави крај на нејзиниот четиригодишен брак во септември минатата година, таа беше поврзана со комичарите Пит Дејвидсон и Ерик Андре.