Омикрон станува доминантен сој во Србија

157

Омикрон сојот е идентификуван во 80 проценти од примероците на коронавирус во Србија во првите десет дена од јануари, изјави вирологот проф. Александра Кнежевиќ од Институтот за микробиологија и вирусологија на Медицинскиот факултет во Белград, а пренесува Еуроњус Србија.

Србија веќе неколку дена бележи петцифрени бројки заразени со корона вирусот, но клиничката слика на пациентите е генерално поблага, што е типично за сојот омикон. Во последниот бран во кој доминира омикрон, од почетокот на месецот, Србија бележи рекорди по број на заболени во еден ден, со максимални 13.753 новозаразени колку што имало на 13 јануари.

Сепак, притисокот во моментов е најголем во ковид амбулантите, додека ситуацијата во ковид болниците е поинаква.

Во Србија во последните 24 часа се тестирани на коронавирус 25.323 лица, а регистрирани се 11.248 заразени лица. Починаа 26 лица, а на респиратор се 99 пациенти.

Епидемиологот и член на Кризниот штаб, д-р Бранислав Тиодоровиќ изјави дека сегашниот бран на епидемијата на коронавирус ќе има две фази и дека во првата, која сега е во тек, заболуваат млади, деца и средовечни лица.

Тиодоровиќ: Сѐ уште сме во првата фаза на Омикрон, следува втора и потешка