Односот кон изгледот на мажот: Се кршат стереотипите, се прифаќа различноста

187

Мажите кои сакаат да изгледаат добро порано беа омаловажувани и обележани како суетни. Но, времињата конечно се менуваат, пишува во статија објавена во Гардијан.

Машката мотивација да се изгледа добро и силно честопати се раѓа од вродената желба на мажот да се чувствува и да изгледа поуспешно, поконкурентно, моќно и мажествено – она ​​што некои сега го нарекуваат токсична мажественост.

Отсекогаш имало мажи кои уживале во разговори за облека, часовници, но и оние кои сакаат добро да се дотераат. Сепак, за многумина, ова отворено ценење на „фините работи“ се сметало дека е параван за нешто друго.

За среќа, денешницава ја одбележува нова генерација која сега прифаќа многу поинаков пристап. Изгледот на мажите не е диктиран од желбата да им се допаднат на другите, туку да се чувствуваат пријатно во својата кожа, онакви какви што се.

А, и како општество, полека престануваме да бидеме осудувачки настроени и повеќе ги прифаќаме луѓето што изгледаат и се чувствуваат поинаку од нас, пишува Гардијан.

Денеска може да се каже, дека надворешниот изглед на личноста не го поткопува она што таа го постигнала, ниту она што го мисли. Дека изгледот на една личност не е поврзан со неговите дела и карактер докажува и еден пример од седумнаесеттиот век.

Имено, контроверзниот брат на Луј XIV, кој од една страна уживал во друштво на мажи, имал и две жени, на баловите се појавувал облечен во женска облека, а кога во прашање било бојното поле, зад него се бројните победи извојувани со француската армија.

Сепак, за жал, некои мажи и ден денес сè уште ги збунува, па дури и разбеснува тоа што поединци се грижат или сакаат да си играат со својот изглед, па денеска постојат и книги чија цел е отстранување на стигмата за мажите и нивниот избор во однос на дотерувањето, која ги поддржува во тоа – само ако тоа е она што го сакаат.

Идеално четиво за оние мажи кои можеби не се чувствуваат сигурни каде се, ниту во кој правец сакаат да се насочат.