Еден од најдобрите тенисери во светот Швајцарецот Роже Федерер, уште еднаш го изненади тенискиот свет. Швајцарецот, кој во август годинава ќе наполни 40. години, потврди дека ќе игра на турнирот во Хале, турнир кој претставува загревање за Вимблдон.

Но, она што ги шокираше тениските фанови е тоа што, тој во Хале ќе настпаи и во 2022 година. Со оваа потврди и дека нема намера да и стави крај на својата богата кариера, но и дека планира да настапи на преостанатите три грен слем турнири сезонава, како и на три наредната сезона вклучувајќи го и Вимблдон.

Ова сигурно е вест која нема да ги воодушеви најдобриот тенисер во свето, Србинот Новак Ѓоковиќ и Шпанецот Рафаел Надал, главните конкуренти на Федерер во трката за најдобар тенисер на сите времиња.

Роже и Рафа моментно имаат по 20. грен слем титули, а Новак две помалку. Швајцарецот по едногодишна пауза, сезонава одигра само два натпревари, а потоа направи пауза, но најавува големо враќање на теренот во продолжението од сезоната, вклучувајќи го и настапота на Олимписките игри во Токио, каде ќе го брка златото во сингл кое никогаш претходно го нема освоено.

-Може ќе ми биде подоброи порано, што ќе биде бонус, бидејќи ќе значи дека сум 100 проценти подготвен пред стартот на Вимблдон. Но, прво да видам како тренинзите го оптеретуваат моето тело, колку коленото може да издржи и кој е најдобриот начин да се подготвам за она што за мене е почеток на сезоната, а тоа сигурно се турнирите на трева. Знам дека пред тревата, се играат турнирите на земја и затоа немам друг избор освен да настапам и турнирите на оваа подлога. Земјата би можела да биде добра за мене, а може да биде и лоша. Се ќе знам кога ќе почнам со тренинзите, но не мислам дека тоа ќе биде нешто страшно, да бидам искрен, оптимистички изјави Федерер.

Големата тројка“ ќе настапи на мастерс турнирот во Мадрид од 27. април до 3. мај, соопштија организаторите на турнирот. Ова ќе биде првпат после Австралија опен 2020 година каде најдобрите тројца тенисери ќе настапат на ист турнир. Покрај нив за титулата ќе се борат уште Данил Медведе, Доминик Тим, Александар Зверев, Стефанос Циципас…