Одложено асфалтирањето на дел од бул. „Партизански одреди“

134

Град Скопје го одложи предвиденото асфалтирање на дел од булеварот „Партизански одреди“, на дел од мостот „Обединети нации“ до ул. „Московска“, во правец на движење од Ѓорче Петров кон Центар.

– Поради временските услови се одложува предвиденото нанесување на финалниот асфалтен слој. Работата ќе се изврши веднаш штом се создадат соодветни временски услови за непречена работа – велат од Град Скопје.

Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времениот режим на сообраќај.

– Истовремено, ги замолуваме сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот – нагласуваат од Градот.