По одигрувањето на мечот меѓу Киелце и Вардар во Лигата на шампионите, коронавирусот повторно влезе во редовите на „црвено – црните“. Поради ова се откажани наредните две гостувања на македонскиот шампион во елитното натпреварување кај ПСЖ на 1 декември, како и вториот натпревар што требаше да го играат против Порто на 4 декември во Португалија.

По враќањето од Киелце, еден ракометар се пожалил на зголемена телесна температура. Истиот бил тестиран по што веднаш било утврдено дека е позитивен. Потоа веднаш е тестирана целата експедиција и позитивни тестови имале уште неколку членови. Според протоколите сите ќе бидат во 14 дневна изолација како што е прошишано од здравствените власти.

Досега на Варадр одложени му се средбите со Елверум во Скопје, и три гостински натпревари, со ПИК Сегед, ПСЖ и Порто.