Одделот за неврологија во гостиварската болница се отвора за болни од Ковид

26

Зголемениот број на заразени со корона вирусот во гостиварскиот регион ја принуди управата на болницата „Ферид Мурад“ да ги зголеми капацитетите за сместување на болни од Ковид19 на одделот за неврологија. На располагање  ќе бидат ставени и дваесетина здравствени работници и дваесет болнички кревети.

Имајќи ја предвид алармантната состојба од зголемувањето на бројот на заболени од вирусот Ковид 19 во Гостивар и пошироко денес на 27.11.2020 година, директорот на болницата и координативната група, донесоа одлука како центар на Ковид 19 да биде и одделот за неврологија. Од денес во функција ќе бидат над 20 болнички кревети и над 20 здравствени работници, поточно лекари и технички здравствен персонал кои во секој момент ќе бидат на услуга на пациентите, стои во соопштението од болницата.

Освен на инфективното одделение, поранешната хемодијализа, од минатата недела, пациенти со ковид се хоспитализираат и во дел од интерното одделение.

Во текот на вчерашниот ден по извршените тестирања, во гостиварскиот регион од почетокот на пандемијата беа регистрирани рекордни 94 случаи на Ковид-19, а 52 за оздравени.

Покрај апелот за почитување на мерките, од болничката управа посочуваат на важноста да не се прават посети на болните кои лежат на одделенијата.

Апелираме да се избегнуваат посети на хоспитализираните пациенти. За специјалистички-консултативни прегледи, прво да се посети матичниот лекар и само за итни случаи да се бараат болнички услуги. Почитувајте го медицинскиот персонал кој дава се од себе и се бори во моментот со невидлив непријател. Само на овој начин можеме прво да се заштитиме себеси, нашето семејство, роднините и општеството, се наведува во соопштението. 

Извор:МИА