Од починатите 151 од корона вирусот, 115 имале и друга болест

236
Инфективна, кај заболените од Ковид-19, фото:Ѕ.Плавевски

Двајцата пациенти кои вчера ја изгубиле битката со корона вирусот, имале и други коморбидитети, односно имале други болести. Ова се гледа од извештајот на Институтот за јавно здравје, пренесува Фокус.

-Регистрирани се два смртни случаи, од Прилеп и Струмица. Случаите биле на возраст од 67 и 73 години. Истите биле хоспитализирани во ГОБ 8-ми Септември и Клиника за неврохирургија каде и починале. Двата случаи имале коморбидитети, се вели во извештајот.

Статистиката на Институтот покажува дека од регистрираните 151 смртен случај о

-Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години. Регистрирани се 102 смртни случаи кај лица од машки и 49 кај лица од женски пол, се вели во извештајот.