Од понеделник времен сообраќаен режим на улицата „Варшавска“

144

Од понеделник започнува реконструкција на улицата „Варшавска’, (од улица „Лондонска“ до улица „Париска“).

Како што извесуваат од Општина Карпош, поради изведување на градежните активности, ќе биде воспоставен нов привремен режим на сообраќај.

Изведувачот на работите ДГПТУ „Битем“, во понеделник ќе постави и вертикална сообраќајна сигнализација, која ќе важи до завршување на реконструкцијата на улицата.