Од Ковид-19 починаа повеќе луѓе отколку што е пријавено

128
epa08892230 Medical workers wearing Personal Protective Equipment (PPE) check a lung x-ray at the Covid-19 hospital in Belgrade, Serbia, 18 December 2020. Serbia is witnessing a rise in coronavirus infections prompting the government to consider new restrictions. EPA-EFE/MARKO DJOKOVIC

Студија на израелски истражувачи сугерира дека бројот на смртни случаи од Ковид -19 низ целиот свет може да биде поголем за еден милион од пријавените.

Околу 4,22 милиони смртни случаи поврзани со корона се пријавени низ целиот свет, но експертите од Хебрејскиот универзитет веруваат дека неточните податоци или намерното намалување на вирусот во некои земји довеле до значително потценување на смртноста, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Економистот Ариел Карлински и статистичарот Дмитриј Кобак проучуваа речиси половина од земјите во светот, набудувајќи ја статистиката на смртни случаи за време на пандемијата во однос на периодот без коронавирусот, во претходните години, пренесе Танјуг.

Нивните податоци базирани на пресметки укажуваат на недостаток на пријавени бројки на смртни случаи од коронавирус од вкупниот број смртни случаи. Тие тврдат дека големиот недостаток на непријавени бројки се состои од смртни случаи кои се поврзани со ковид-19, но се категоризирани поинаку.

„Освен што укажуваме на недоволно пријавување, нашата студија нагласува дека коронавирусот предизвика многу повеќе смртни случаи отколку што очекувавме“, рече Карлински.