Покрај доброто загревање и добро истегнување на крајот на тренингот може да дојде до воспалување на мускулите. Колку пати ви се случило по интензивно вежбање да ве мачи болка во мускулите. Тешко ви е да станете, седнете и со денови пиете нешто против болки во мускулите. Таа состојба може да се подобри и на природен начин. Постојат намирници кои ќе ви помогнат да се смири воспалението на мускулите и кои ќе ви дадат енергија.

По тренингот можете да изедете овошна салата богата со боровинки. Не само што се вкусни, туку се и моќен антиоксиданс кој ја намалува болката и го поттикнува закрепнувањето на воспалените мускули.

Ѓумбирот е намирница која може да се купи секаде и во секое годишно време. Покрај тоа што го подобрува нашиот имунитет, оваа намирница е многу ефикасна кај воспалување на мускулите.

Ананасот е богат извор на ензимот бромелин. Бромелинот е природна состојка која го смирува воспалението на мускулите кое може да настане по сериозниот тренинг.

Нивото на калиум во телото по исцрпниот тренинг може одеднаш да опадне и да предизвика слаби рефлекси, како и негативно да влијае на нервите и движењето на мускулите. Доза грав кој е богат извор на калиум може да биде идеален оброк по вежбањето.

За да ја надоместите течноста која сте ја загубиле за време на вежбањето најдобар начин тоа да го направите е да испиете чаша млеко која содржи доза натриум и калиум многу повеќе од било кој енергетски пијалок.

Зелениот зеленчук, како спанаќ, брокула и кељ е богат со калциум и магнезиум и е перфектна опција доколку имате воспаление на мускулите.