Изгледа дека жените навистина сакаат момци во униформи. Згодни лекари, пожарникари или полицајци се едни од најпопуларните ликови на интернет и социјалните мрежи.

Ова е д-р Џовани кој преку ноќ стана еден од најпознатите италијански лекари, а жените редовно му го следат Инстаграм профилот. Инаку, медицина има завршено со одличен успех, специјализирал ортопедија, висок е 186 см и има 80 килограми. Просто совршено.

Џовани Анџолини има 38 години и потекнува од Сардинија. Стана популарен кога на Фејсбук профилот објави фотографија во лекарски мантил со намера да ја најави својата најнова медицинска студија, ама наместо на колегите го привлече вниманието на жените.

Следуваа илјадници коментари во стилот: „Леле, докторе, од денеска ме болат сите коски. Не знам што вака ме фати…“