Објектот „Мимоза“ во Кисела Вода ќе стане енергетски ефикасен 

92

Општина Кисела Вода ќе изврши енергетска обнова на градинката „Весели цветови“, објект „Мимоза“. Активностите ќе се реализираат во насока на подобрување на условите во градинките преку Проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП), кој го спроведува Министерството за финансии.

За таа цел, Општината објави јавен повик преку кој ги повикува сите подобни и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за изведба на градежни работи. Повикот ќе се спроведува по пат на јавно наддавање како што е специфицирано во упатството на Светска банка и тој е отворен за сите понудувачи од подобните земји како што е дефинирано во тендерската документација.

Сите заинтересирани подобни понудувачи во временскиот период од 8:30 до 16:30 часот информации за јавниот повик може да добијат во просториите на Општина Кисела Вода, лоцирана на улица „Петар Делјан“ број 17, на веб страницата на Општината, на телефонскиот број 0389/022785-417 и на електронската адреса: javninabavki@kiselavoda.gov.mk.