Објавена листа филмови на оскаровецот Бонг Џун-хо

699

Филмот „Паразит“(Gisaengchung) во режија на Бонг Џун-хо е годинешниот добитник на Оскар за најдобар интернационален филм, но и најдобар филм воопшто.

Сепак, ова не е и негов единствен филм, напротив тој има и бројни други филмови кои според критичарите вредат да се видат.

Филмовите кои го носат потписот на овој режисер се и „Неповрзаност“ (Ji-ri-myeol-lyeol) – 1994, „Кучињата што лаат, не касаат“ (Flandersui gae) -2000, „Сеќавањата на убиецот“ (Salinui chueok) – 2003, „Грип“ – 2004, „Домаќинот“ (Gwoemul) – 2006,    „Мразокршач“ (Snowpiercer) – 2013 и „Окја“ (Okja) – 2017.