Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) и овој декември го распишува Конкурсот за петте традиционални награди за најдобри книжевни остварувања, чии автори се членови на асоцијацијата.

– Наградите „Стале Попов“ за проза, „Ацо Шопов“ за поезија, „Димитар Митрев“ за критика и есеј, „Ванчо Николески“ за книга за деца и младинци и наградата „Мост“ за книга напишана на еден од јазиците на националностите, веќе со години се репер за валоризација на годишната книжевна продукција.

Право на учество на овој Конкурс имаат сите членови на ДПМ, кои до истекот на годината треба да достават по четири примероци од своите новообјавени книги (во текот на 2021 година) во посочените категории, соопшти ДПМ. Примероците треба да се достават во канцеларијата на ДПМ, но поради состојбата со Ковид-19 отааму замолуваат секоја посета да се најави на телефонскиот број назначен на веб-страницата на ДПМ или на мејл-адресата drustvonapisateli@gmail.com.