Оставката на Александар Ѓорѓевиќ на клупата на Србија по Мундобаскет ги натера челниците на Кошаркарската федерација на Србија активно да бараат нов селектор, а според „Журнал“ изборот паднал на Саша Обрадовиќ.

Обрадовиќ е актуелен тренер на Монако, па од многу нешта ќе зависи и одлуката на сопственикот на тимот од кнежеството, Сергеј Џечел, бидејќи термините за квалификациите на ФИБА се совпаѓаат со оние на Еврокупот, каде сезонава ќе настапува и тимот на Саша Обрадовиќ.

Обрадовиќ во последните години имаше феноменални резултати со Алба и Локомотив од Кибањ, што би била најдобра солуција за празното место на „Орлите“. Тој својата тренерска кариера ја започна во 2005 година во екипата на Келн, каде што воедно ја заврши професионалната играчка кариерата. Исто така беше славен играч на репрезентацијата на Југославија која освои бројни медали, па затоа е добро запознаен со тоа што значи да се игра за националниот дрес.

Обрадовиќ неодамна изјави во интервју за „Информер“ што претставува позицијата селектор.

  • Повеќе пати изјавив дека ова ќе биде најголем успех во кариерата. Голема чест е да ја водам репрезентацијата на мојата земја. Ваквите работи не се одбиваат. Досега никој не ме контактирал, ниту пак имало разговори на оваа тема. Мислам дека е рано. Луѓето од Федерацијата прво мора да видат што е сработено до сега, и дури потоа да продолжат да одат понатаму. Тие сигурно прво ќе ги изберат кандидатите, а потоа ќе одлучат, истакна Обрадовиќ.