Претседателот на Фенербахче, Али Коч, изјави дека Жељко Обрадовиќ секогаш ќе биде дел од семејството Фенербахче. Српскиот кошаркарски стручњак дојде во Фенербахче во 2013 година и успеа да ја освои Евролигата со овој клуб, што е најголем успех во историјата на турската кошарка.

По успешниот период во Истанбул, еден од најтрофејните тренери реши да направи нов чекор во својата кариера и се збогува со првиот човек на Фенер.

  • Имавме неколку тешки преговори со Жељко и ги оставивме преговорите за нов договор за крајот на сезоната на негово барање. Тоа е она што се случи, тој ни кажа како размислува и како се чувствува и откако разговаравме со семејството донесовме одлука. Неколку дена подоцна нè извести дека не сака да остане на клупата и ние ја почитуваме неговата одлука, иако тоа многу нè погоди. Обрадовиќ е дел од нашето семејство, тој е најголемото име во историјата на Фенербахче. Во следниот натпревар ќе организираме проштална церемонија. Животот продолжува, сега останува да работиме напорно и да направиме нов систем, а наскоро ќе откриеме кој ќе биде новиот тренер, за околу еден месец. Сепак, јасно е дека нашиот буџет ќе биде поскромен отколку што беше порано, истакна Али Коч.

Некои медиуми пренесуваат дека следниот тренер на Фенербахче ќе биде Шарунас Јасикевичиус.