Обезбеден потписот на Распадори

49

Во следните неколку дена, стандардниот првотимец во дресот на италијанскиот калчолигаш Сасуоло, Џакомо Распадори, и официјално ќе биде преставен како најнова милионска аквизиција на Наполи. Раководните лица на двата клуба најпосле постигнаа договор околу обештетувањето од 30 мил. евра, а крилниот напаѓач го прифати понудениот 4-годишен договор кој му гарантира годишна заработка од 3 мил. евра.