Полската манекенка Вероника Бјелик, според многумина, е совршенство во движење. Таа предизвикува внимание кај и да се појави, а изминативе неколку дена американските медиуми пишуваат дека нејзиното срце успеал да го ќари поранешниот квотербек Клиф Кингсбури (42), кој моментно е тренер на Аризона кардиналс.

Вероника и нејзиното момче моментно уживаат на хрватскиот остров Ластово, каде што беа снимени од папараците. Заљубениот пар беше уловен како крстосува по морето, а сексапилната Бјелик и премногу се опушти, па ги покажа раскошните облини што ги поседува.