Нуркачка трагедија:Креаторот на мангата „Ju-Gi-Oh!“ пронајден мртов на јапонскиот брег

46
Јапонскиот уметник Казуки Такахаши (60), кој ја создаде хит-серијата манга стрипови „Ju-Gi-Oh!“, е пронајден мртов во морето, пренесува Јапантајмс.
Телото на Такахаши (60) го пронашла јапонската крајбрежна стража во близина на градот Наго, на островот Окинава, во средата наутро во опрема за нуркање што пловела во морето, јави државната телевизија NHK.
Едно лице на брод што минуваше ја повика јапонската поморска служба за да пријави тело што плови на 300 метри од брегот во близина на туристичкиот град Наго.
Според телевизијата TBS, Такахаши патувал сам во Окинава. Компанија за изнајмување автомобили контактирала со полицијата во средата вечерта, велејќи дека не можела да стигне до него, поради што крајбрежната стража се посомневала дека телото е негово, соопшти ТБС.
Наводно, властите ја истражуваат смртта на познатиот автор.
Казуки Такахаши, чие вистинско име беше Казуо, е автор на оригиналната серијал на манга стрипот „Ju-Gi-Oh!“, што значи „Крал на игрите“, која беше адаптирана во екран и се емитуваше од 1996 до 2004 година.
Мангата создаде меѓународна хит франшиза со игри со карти, играчки и понови серии манга што продолжува до ден-денес.