„НОЌ НА МЕТЕОРИТЕ“: Персеидите на подготвуваат светлосен спектакл ноќта на 12 август

234

Скопското астрономско друштво на својот Фејсбук профил објави дека започнал метеорскиот рој Персеиди. Како што напишаа од крајот на јули па до средина на август, метеорскиот рој Персеиди започна со својата активност, додека пак пикот е ноќта од 12-ти кон 13-ти август.

„За жал оваа година на овој датум е полна Месечина па нема да има многу што да се види, освен можеби неколку од најсилните метеори. Но доколку сепак сакате да ги гледате персеидите и доколку биде ведро таа ноќ, одберете си некоја темна локација што подалеку од градските светла, најдете си некое столче или лежалка и гледајте да не ви биде Месечината во видното поле, па што уловите уловите“, додаваат од друштвото.

Август е месецот кој секоја година се поврзува со една посебна астрономска појава позната како метеорски дожд. Секоја година, таканаречените Персеиди го оживуваат нашето небо во лето и создаваат илузија дека од небото врнат ѕвезди.

Се препорачува Персеидите да се набљудуваат што е можно подалеку од улични светла и друго светлосно заматување. Астрономите исто така препорачуваат да не се гледа директно во зрачењето и се препорачува да се набљудуваат лежејќи на земја. Тие исто така нагласуваат дека на претходно 30 тина минути пред набљудувањето нашите очи треба да бидат прилагодени на гледање во ноќни услови.

Метеорскиот дожд „Персеиди“ се појавува секоја година кога Земјата поминува низ облаци од честички прав оставени од кометата Свифт-Татл. Карпи што останале од кометата горат во атмосферата на Земјата, па може да се видат како ѕвезди што паѓаат.