На првата македонска интернет-книжарница – www.kniga.mk годинава ќе се одржи традиционален пролетен саем на книгата. Новото онлајн саемско искуство кое започна вчера ќе трае до 30 април.

“Веб-книжарницата која речиси 20 години ги поврзува книгите и читателите нудејќи виртуелно книжевно искуство од денес ги отвора вратите на својата нова и модерна книжарница која оди чекор понапред во дигитализација на својата понуда и со извонреден избор на печатени, но и електронски изданија достапни за сите читатели, во секој дел од светот.

Изборот што го нуди kniga.mk е единствен – читај електронски книги на својот уред веднаш, или нарачај ги омилените книги“, велат од оваа книжарница. Од денес, па сѐ до крајот на април, читателите имаат можност да избираат од над 600 изданија од голем број издавачки куќи ТРИ, Паблишер, но и од уште 13 други издавачи.