Ново лед улично осветлување во Дебар Маало

277

Во населбата Дебар Маало, на улиците „Коле Неделковски“, „8 Март“ и „Наум Наумовски Борче“ отстранети се бандерите кои го попречуваа движењето и поставени се нови лед светилки, кои значително ќе ги намалат трошоците за електрична енергија, информираа од Општина Центар.

Оттаму наведоа дека откако кабловските оператори ги симнале каблите од бандерите под земја на тие улици вклучително и на „Орце Николов“, како дел од последните подготовки за првата фаза на реконструкцијата на улицата, дрвените бандери се отстранети, јавниот простор е ослободен за движење и поставено е  ново улично осветлување.

– Општина Центар продолжува со замена на старото и дотраено улично осветлување, како и поставување на нови улични светилки на улиците на територија на општината. Со поставувањето на новото енергетски ефикасно и еколошко ЛЕД осветлување, Општина Центар презема уште еден чекор кон креирање на подобри услови за живот во современа и урбана општина, истакнаа од локалната самоуправа.