Лидерот на табелата во Првата кошаркарска лига, екипата на Пелистер, донесе ново засилување во своите редови. Битолскиот се засили на бековската позиција со Милош Николиќ, 24-годишниот бек кој доаѓа од тимот на Сцислион Вршац.

Во досегашниот дел на сезоната во српскиот шампионат, Николиќ имаше просек од 14.8 поени, 2.6 асистенции и 2.3 скока по натпревар.

Пред Николиќ, Пелистер се засили со Пајиќ кој дојде од редовите на Кожув.