Ново зеленило во Нерези и Карпош 3

104

Нови украсни растенија се засадени во населбата Нерези, на потегот меѓу улиџите „Козле“ 8 и 10.

Во акцијата, како што соопшти општина Карпош, се засадени 50 растенија од типот Buxsus и Juniperus. Овој дел од Карпош ќе биде раззеленет и со 20 висококвалитетни листопадни дрвја.

Дрвја денеска се саделе и во Карпош 3, меѓу Кинотека на Северна Македонија и ТЦ „Лептокарија“. Овие дрвја се донација од „Дајнерс Клуб“.

– Локалната самоуправа продолжува со континуирани акции, со цел, да го надомести изгубеното зеленило на својата територија, се наведува во соопштението од општина Карпош.