Новиот коронавирус може да ја преплави Франција, предупредуваат лекарите

47

Франција ќе се соочи со повеќемесечна епидемија на коронавирусот што ќе го преплави здравствениот систем ако нешто не се промени, предупреди еден од водечките лекари во земјата.

„Вториот бран доаѓа побрзо отколку што мислевме“, изјави Патрик Буе, шеф на Националниот совет на лекарската комора, за весникот Журнал ду Диманш.

Новите мерки за забавување на ширењето на заразата во најтешко погодените области на земјата, вклучувајќи го медитеранскиот град Марсеј и регионот Париз, наидоа на локален отпор. Буе за весникот изјави дека предупредувањата издадени од министерот за здравство Оливие Веран оваа недела не се доволни.

Тој не рече дека за три до четири недели, ако ништо не се промени, Франција ќе се соочи со широко распространета епидемија на целата територија, во текот на неколку долги есенски и зимски месеци“, нагласи Буе.

Нема да има доволно медицински персонал за зајакнување и францускиот здравствен систем нема да може да ги исполни сите барања што ќе бидат пред него, предупреди тој.

Здравствените работници одговорни за пролетното „чудо“ не можат да ги пополнат тие празнини, додаде тој, бидејќи „многу од нив се исцрпени, трауматизирани“.

Француската здравствена служба вчера регистрира 14.412 нови случаи – нешто помалку од рекордните 16.000 регистрирани во четвртокот и петокот. Но, во изминатите седум дена хоспитализирани се 4.102 лица, од кои 763 се на интензивна нега.

Извор:МИА