Новиот в.д. директор на „Дрисла“ денеска ја презема функцијата

107

Новиот вршител на должност директор на „Дрисла“ денеска официјално ја презема функцијата, соопшти градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.

– Во текот на денешниот ден во мојата канцеларија имав средба со поранешниот и сега веќе сегашнит в.д. директор на депонијата, официјално беа врачени решенијата. Во моментот се извршува попис за примопредавање на активностите и јас очекувам дека за ден два ќе заврши целиот тој циклус со цел Градот да го воспостави и фактичкото владение врз „Дрисла“- изјави Шилегов.

Коста Начевски е вршител на должност на јавното претпријатие „Дрисла“, откако претходно од директорската позиција беше разрешен Горан Ангелов. Централниот регистар вчера и официјално го впиша како вршител на должноста директор на јавното претпријатие „Дрисла“, Коста Начевски.