Новинарите ќе бидат меѓу првите кои во Русија ќе добијат вакцина против Ковид-19

45

Новинарите ќе бидат меѓу првите кои ќе примат вакцина против коронавирус, заедно со претходно најавените лекари и наставници, изјави Кирил Дмитриев, шеф на Рускиот фонд за директни инвестиции.

– Гледаме голем интерес кај различни новинари да се вакцинираат. При дистрибуција на вакцината, Министерството за здравство зема предвид дека и новинарите се изложени на ризик, бидејќи тие комуницираат со голем број луѓе, што е дел од нивната професија”, рече Дмитриев на прес-конференција, пренесува ТАСС.