Нови плочки за фонтаната во Паркот на светлината

96

Фонтаната што се наоѓа веднаш до амфитеатарот во Паркот на светлината добива комплетно нови мозаични плочки, како и нова хидроизолација.

Станува збор за еден од најпосетуваните паркови во Аеродром, кој има две големи фонтани кои претставуваат големо разладување за жителите, особено во топлите летни вечери.

Екипите на Општина Аеродром и во наредниот период ќе продолжат со реконструкција и уредување и на другите паркови.

– Истовремено, апелираме до граѓаните да се однесуваат совесно и да ги чуваат јавните простори затоа што само така можеме да имаме уредена, зелена и здрава средина – информираат од општина Аеродром.