Нови клупи на местото на старите во Центар

127

На повеќе локации, постојните клупи на територијата на општина Центар се заменуваат со нови.

Од Општината велат дека активностите продолжуваат и во наредниот период, при што ќе бидат поставени вклупно 70 клупи.

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ упати апел до сите граѓани совесно да ги користат новите клупи и да не ја оштетуваат новата урбана опрема.