Нови 137 заразени со КОВИД-19 и девет починати лица

145

Во последните 24 часа се направени 1542 тестирања, а регистрирани се 137 нови случаи на КОВИД-19, од кои најмногу се во Скопје – 60, 16 во Штип, 13 во Куманово, 11 во Гостивар, седум во Тетово, по пет во Кичево, Дебар и Битола, тројца во Прилеп, Велес и Свети Николе и по еден нов случај во Струга, Охрид, Кочани, Пробиштип, Демир Хисар и Виница.

Починати се девет лица – тројца пациенти од Скопје, по двајца од Куманово и од Гостивар и по еден пациент од Штип и Струга.

За билансот на нови случаи по изминати 24 часа попладнево на Фејсбук соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 103 оздравени пациенти: Скопје 53, Струмица 11, девет од Ресен, седум од Тетово, шест од Прилеп, пет од Велес, тројца оздравени од Кичево и Дебар, двајца од Битола и по еден од Штип, Кавадарци, Струмица и Крушево.

Досега во земјата се направени вкупно 94 092 тестирања на КОВИД-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупниот број на дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9934, бројката на оздравени пациенти е 5357, на починати е 460, а во моментов активни случаи има 4117.

Извор:МИА