Новак Ѓоковиќ е тенисер без ниедна мана

496

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал со недели е на принуден одмор и нема да игра до крајот на сезонта, но затоа имаше само пофални зборови за своите најголеми ривали на теренот Србинот Новак Ѓоковиќ и Швајцарецот Роже Федерер. Тој во интервју за јапонскиот магазин „Буншун“, откри како го доживеал поразот од Новак Ѓоковиќ на Ролан Гарос.

-Мислам дека Новак беше попаметен и поефикасен од мене, особено кога кога се работи за избор на удари тој ден. Сакав да го освојувам тој турнир што е можно подолго, но таа серија се прекина. Горам од желба трогејот од Ролан Гарос повторно да биде во мојте раце наредната сезона, изјави Надал.

Потоа го пофали светскиот тениски рекет број еден, кој после Париз беше најдобар и во Лондон на Вимблдон.

-Новак е совршен тенисер, нема слабости. Може да игра подеднакво добро на земја, треваи на тврда подлога. Годинава покажува одлична стабилност, дури и во деновите кога не е во својата најдобра форма. Енергијата што ја има и чувствоводека ќе победи, дефинитивно многу му помага, вели Рафа, кој не штедеше комплименти ниту на сметка на Федерер.

-Роже исто така е совршен играч. Модерниот стил на неговата игра е нешто вонсериско. На неговите противници им е тешко да предвидат штои ќе одигра, бидејќи има разни варијации во играта.

На прашањето кој меч со Федерер му останал во сеќавање, се врати далеку назад во кариерата.

-На памет ми паѓа финалето на Вимблдон во 2008 година. Се чувствував како да играм најдобро во кариерата, но и тој мора да имал истот такво чувство, изјави Надал.

Сепак, Шпанецот потенцираше и дека треба да им се обрне внимание и на помладата генерација играчи кои се обидуваат да ја симнат од врвот „големата тројка“, пред се миселјќи на Зверев, Циципас и Медведев.