Околу 86 проценти од луѓето со благи симптоми на коронавирус го губат чувството за мирис и вкус, што се враќа во следните шест месеци, покажува новото истражување спроведено на 2.500 пациенти во 18 европски болници. Тоа се луѓе коипоради инфекција со коронавирус немале многу силни симптоми како што се пневмонија и губење на кислород, па можеле да се лекуваат дома. По опоравувањето мирисот се вратил во просек за 18 до 21 ден, покажа студијата, додека околу 5 проценти овие сетила профункционирале во период од шест месеци.

Аносмија е ран знак на инфекција со коронавирус. Аносмија (губење на вкус и мирис) е претставена како ран знак на инфекција со коронавирус. Многу луѓе ги губат овие сетила дури и без претходни предупредувања како затнат нос. „Аносмијата најчесто се препознава кај пациенти кои биле заразени со коронавирус без да забележат други симптоми“, се тврди во новата студија. Студијата исто така покажа дека само четири до седум на сто луѓе со умерени и тешки симптоми на коронавирус го изгубиле чувството за мирис и вкус. Луѓето со умерени симптоми имале клинички знаци на пневмонија, кашлица, треска и отежнато дишење. Оние со потешки симптоми претрпеле сериозна респираторна инфекција и во повеќето случаи тоа се пациенти кои претходно имале дијабетес, бубрежна хипертензија, респираторни, срцеви и невролошки нарушувања. Губење на мирис не секогаш значи дека сте заразени со коронавирус. Студија објавена во понеделникот воJournalofInternalMedicineоткрила поголема стапка на мирисна дисфункција (целосна аносмија) кај помлади пациенти во споредба со постарите лица, но за тоа треба дополнителна анализа, велат истражувачите.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Се разбира, тоа не значи дека секоја личност е заразена со коронавирус доколку нема чувство за мирис, со оглед на тоа дека тоа е симптом на многу респираторни вируси, како што се настинки и грип.

“За време на настинка или грип, се појавува оток во носот кој спречува навлегување на миризливи честички до неговиот врв, каде што се наоѓа миризливиот нерв. Откако ќе се намали отокот, чувството за мирис постепено почнува да се враќа”, изјави оториноларингологот ЕрихВоигт. Тој додава дека треба да се обрне внимание и на невротоксичните вируси кои претежно се составен дел од обичната настинка.

“Кога станува збор за невротоксични вируси, тоа значи дека тие го оштетуваат нервот за мирис и во основа станува нефункционален. Во многу такви случаи, постои привремено, но и трајно губење на мирис”, објасни тој.

 

 

Исто така беше посочено дека губењето на мирис автоматски се поврзува со губење на вкусот затоа што се потпираме на тоа за да препознаеме ароми. Сепак, може да има медицински причини за губење на вкус, како третман како што се хемотерапија, зрачење, но и физичко оштетување како што се нервите прекинати за време на стоматолошките операции, пишува Си-Ен-Ен.