Компанијата Гугл (Google) повторно ќе се обиде да направи сопствена социјална мрежа, откако не успеа со Google Plus, која загасна во април оваа година.

Новата мрежа ќе се вика Google Shoelace (Врвка), и нејзината цел е, како што наведуваат од компанијата, да стане класична социјална мрежа, каде што корисниците објавуваат статуси, фотографии, видеа, се фалат со селфи од патувања и слично, туку да ги поврзе луѓето со заеднички интерес и потоа да ги натера да „се одвојат од екранот“ и да „се видат во вистинскиот живот“.

Shoelace  засега е  „експеримент во почетна фаза”, за која во моментов не сакаат премногу да зборуваат и првично ќе биде достапна само во Њујорк.