Нова награда за „…Петрунија“ на Balkan New Film Festival

86

Теона Стругар-Митевска ја доби наградата за најдобра режија за филмот „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ на Ba Ne FF 2020 AWARDS- Balkan New Film Festival.

„Ова e 31. награда по ред за ‘Господ постои, нејзиното име е Петрунија’. Својата светска премиера ја имаше на Берлинскиот филмски фестивал. во официјалната селекција во 2019, а од тогаш филмот имаше проекции на над 75 светски филмски фестивали и беше  дистрибуиран во над 30 земји низ светот, вбројувајќи се во еден од најуспешните македонски филмови досега“, соопштија од Агенцијата за филм.

На Берлиналето филмот ја доби наградата од независното жири „Ecumenical” и наградата „Guild Film Prize”. „Господ постои името и е Петрунија” ја понесе и наградата на Европскиот парламент – Лукс (LUX PRIZE).

Balkan New Film Festival, што се одржа од 14 до 16 февруари во Стокхолм, Шведска, ги претставува најновите филмови од Балканот, а програмата е концепирана како возбудлива мешавина од презентации на нови продукции, класици и документарни филмови, како и на серии дискусии на кои се разговара за трендовите во филмската продукција на Балканот.