„Филмски клуб“ е наслов на новата книга од канадскиот писател Дејвид Гилмор, која денеска излегува од печат во издание на „Или-Или“. Оваа книга преку (авто)биографска приказна, ги поврзува книжевноста и филмот.

„Филмски клуб“ е прекрасно понирање во внатрешноста на човековата личност преку Седмата уметност, како пријатен муабет меѓу двајца стари пријатели. Ова е совршено четиво за летниот период, супер разбирливо и читливо, а истовремено доволно провокативно за да ве остави будни.

Преводот од англиски јазик е на Ацо Пероски, дизајнот на корицата го изработи Марија Смилевска, а излегувањето на книгата финансиски е поддржано од Канадскиот совет за уметности.

 

Мемоарската книга “Филмски клуб“ (2007) на Гилмор важи за бестселер и е преведена на десетина светски јазици.

„Приказна за татко и син во 117 филмови. Прекрасен приказ како момчињата созреваат во мажи“, вели „Гардијан“ за книгата.