Нова велопатека на реконструираната улица „4-ти Јули“

559

Градските власти информираат дека најдолгата велосипедска патека во Скопје, онаа на булеварот „Партизански одреди“ ја продолжуваат со нова патека во двата правци на улицата „4-ти Јули“.

-Оваа сообраќајница беше една од најцрните точки во градот заради лошата сообраќајна сигнализација и несоодветните урбанистички решенија. Со стеснувањето на коловозните ленти, страничните велопатеки, како и мерките за смирување на сообраќајот, очекуваме оваа улица во Ѓорче Петров да биде далеку побезбедна од порано-потенцираат од Градот Скопје.