Нов протестен марш за чист воздух

159

Нов протестен марш за чист воздух ќе се одржи на 20 декември во организација на граѓански здруженија од цела Македонија.

Ова доаѓа по нецел месец откако во Скопје беше одржан „Маршот за чист воздух“ што го поведоа триесетина граѓански здруженија и имаше поддршка од илјадници граѓани.

Протестот и овој пат ќе започне во 17 часот пред Министерството за животна средина и ќе заврши пред Влада.

Организаторите на таканаречениот Зелен фронт велат дека со овој протест ја потсетуваат Владата дека првиот рок за исполнување на нивните над 100 барања истекува на 31 декември.

– Остануваме на улиците за да потсетиме на нашите барања, затоа што ова е прашање на живот или смрт и не смее да се чека ниту момент повеќе.  Го поздравуваме чекорот на Владата за прифаќање на нашите седум првични барања, но се согласуваме да има средба само откако тие ќе бидат во целост исполнети – се вели во најавата на протестот.