Нов под и енергетска фасада во објектот „Чекорче“

211

Нов под, но и енергетска фасада ќе добие објектот „Чекорче“ на градинката „Срничка“, каде во моментов се изведуваат реконструктивни зафати.

– Станува збор за замена на стариот дотраен под со нов современ антибактериски ПВЦ-под. Исто така, се обновува и надворешноста, односно фасадата, која ги задоволува сите стандарди на енергетска ефикасност- соопштија од Општина Аеродром.

Градоначалникот Златко Марин истакна дека главна цел на Општината е обезбедување подобри и попријатни услови за децата во градинките.